Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и македонскиот премиер Димитар Ковачевски на самитот на иницијативата Отворен Балкан во Белград, договорија формирање на заедничко тело кое ќе служи за споделување на вишокот енергија и храна во трите земји.

Сè наше ќе им биде достапно на Македонија и Албанија и обратно, кажа Вучиќ на прес-конференција.

Србија речиси целиот свој гас го увезува од Русија, а околу 70 отсто од своите потреби за електрична енергија произведува во стари термоцентрали.

Македонија исто така е зависна од фосилни горива, во помал обем и од хидроенергија, а земјава не произведува доволно струја за своите потреби, па мора да извезува. Албанија поголемиот дел од електричната енергија го произведува во хидроцентрали.

Албанскиот премиер Рама кажа дека трите земји ќе бараат од Европската Унија помош да ја издржат зимата.

Најдоброто сценарио за Албанија би било половина милијарда евра (во дополнителна потрошувачка) за континуирано снабдување со електрична енергија. Ја повикувам ЕУ да не го повтори срамното однесување од пандемијата кога земјите од Западниот Балкан мораа да се свртат кон Кина, Русија и Турција, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.