Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во посета на Унгарија, и се сретна со претседателката Каталин – Новик на ГП Келебија-Томпа каде што ги посети привремените гранички бариери.
Претседателот на Србија најави зајакнување на границата со Македонија поради напливот на мигранти.
Благодарен сум на нашите пријатели од Унгарија што почнавме да разговараме за овие проблеми со мигрантите и да ги решаваме заеднички. Во Србија тргнавме со укинување на слободните визи за поедини земји откако увидовме на голем број мигранти од Тунис, Бурунди, Гвинеја Бисао, и Индија, како што бара ЕУ – рече Вучиќ.
Тој додаде дека ќе бидат превземени и други мерки, а тоа е зајакнување на границите кон Македонија, а потоа и кон Бугарија.
Оваа година имаме четири пати зголемен број на мигранти од територијата на Македонија, и 3,6 пати зголемен прилив од Бугарија. Само од Македонија спречивме 45.965 илегални влезови, во Унгарија таа бројка е 261.000 –
рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.