Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за ТВ Прва изјави дека на земјата „не и се потребни ничии воени бази“. Ваквата информација се прошири низ српските медиуми, откако рускиот амбасадор во Белград минатата недела говореше за ваквите планови.
Неодамнешната изјава на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, дека „Србија повеќе нема да може да седи на три столчиња“, Белград ја толкува како предупредување.
-На Србија не и требаат ничии воени бази. Ќе ја задржи воената неутралност и сојузничките односи. Таа нема да се срами од врските со Русија, Кина, САД и ЕУ и ќе се грижи за себе, изјави Вучиќ во интервју за српската ТВ Прва.
Изјавата на рускиот амбасадор во Белград, Александар Ботсан-Карченко отвори неколку прашања во српската јавност.
Воспоставувањето на руска воена база во Србија е суверен чин на оваа земја, а тоа е и прашање што се однесува на интересите на самата Руска Федерација, рече рускиот амбасадор.
Неколку српски медиуми и експерти ја обвинија Русија дека „ширејќи информации за руската воена база, намерно ги поткопува интересите на Србија во време кога Западот внимателно ја следи во врска со формирањето нова влада и одлуката за приклучување на западните санкции против неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.