Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста на својот инстаграм профил и во драматичното обраќање кажа дека косовскиот премиер Аљбин Курти решил да ги нападне Србите.

„По налог на Аљбин Курти, сменета е денес од косовските институции српската судијка Љиљана Стевановиќ, за наутро е спремна смена на сите српски командири, сите српски полицајци кои беа на седницата на Советот за национална безбедност во Белград. Аљбин Курти реши да ги нападне Србите“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека „Аљбин Курти го прегази Бриселскиот договор и по негова волја и на оние кои го штитат, Бриселскиот договор повеќе не постои“.

„Аљбин Курти е тој кој сака да го урне мирот на Косово, тој е тој кој со своите одлуки сака да го нападне српскиот народ секаде каде што живее, и на југот и на северот на Косово. Србија сака да го зачува мирот и поради тоа ја предупредуваме целата меѓународна заедница. Мојата последна порака е: Што и да правите, Србија ќе биде со својот народ“, кажа Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.