Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска положи заклетва за нов претседателски мандат во Собранието на Србија. Вучиќ потоа се потпишал на текстот на заклетвата и се прекрстил. Церемонијата на заклетва беше придружена со долг аплауз на присутните во салата, а потоа беше интонирана и химната на Србија. Неколку стотици граѓани се собраа пред Собранието за да ја проследат церемонијата преку видео бим.
На седницата беше презентиран извештајот на Републичката изборна комисија за резултатите од гласањето, а со полагањето на заклетвата Вучиќ и официјално го започна вториот мандат.
Текстот на заклетвата е наведен во Уставот. Вучиќ на 3 април победи во првиот круг од редовните претседателски избори со 58,59 отсто од вкупните гласови.
Неговиот прв мандат започна на 31 мај 2017 година, кога свечено положи заклетва во Домот на Националното собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.