Претседателот Александар Вучиќ објави дека во Белград околу Нова година има „рекорден број странски шпиони“ и дека странските служби го уништиле проектот за ископ на литиум во Србија.

Тој објасни дека разузнавачките информации што ги добил потврдуваат дека „Белград бил како Казабланка за Нова година“ и дека „нема шпиони кои не ги окупирале нашите хотели“.

Никогаш не било така, постигнавме рекорд, толкав број на шпиони од 20 декември до 5 јануари во Белград не е забележан од Втората светска војна, очигледно е дека многу луѓе подготвуваа секакви работи. Странските служби си ја вршат работата, така не уништија со литиум, јас сум единствениот што можам да зборувам за тоа. Странските служби директно не уништија“, рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.