Преодна влада нема да има додека сум јас претседател.Или додека сум жив,бидејќи може мојот мандат да биде прекинат како што предложија на протестите.Тоа може. Ајде завршете ја таа работа веќе еднаш, олеснетеми ми малку,изјави претседателот Вучиќ откако на протестите на опозицијата се појави кукла со неговиот лик како обесен.
Тој вели дека нема да подлегне на притисоците дури и по цена да го убијат.
Никогаш ни под кои услови нема да потпишам преодна или техничка влада и нема да прифатам уцени и власта да дадам на најлошите. Ако мене ме убијат останува мојот брат, ако го убијат и него останува синот Данило, ако го убијат и него останува ќерка ми а ако ја убијат и неа останува другиот син Вукан и нашите гробови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.