Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред јавноста објаснуваше зошто ништо не е потпишано со косовската страна. И покрај ова, тој повтори дека се подготвени да работат на имплементација на европскиот предлог. Посочи дека 12 пати е менуван текстот на кои прифатиле да се имплементира.
Секогаш кажував дека го прифаќаме концептот, ќе работиме на имплементација, спремни сме да направиме многу повеќе отколку некој од Приштина кој е подготвен да потпише… А подготвен е да потпише затоа што од таму ќе произлезе формално-правната обврска за Србија, да се согласи со независноста на Косово. За тоа водиме сметка. Кога ќе слушнат дека повторувам некои работи, нека знаат дека не го правам истото бидејќи не знам што правам, туку напротив, баш знам што правам – кажа Вучиќ.
Зборуваше и за тоа зошто не е потпишана декларацијата за исчезнатите лица и тоа зошто и таа останала непотпишана.
Сакаме да живееме нормално со Албанците, сакаме да работиме едни со други. Не може да се живее со ѕидови од 100 метри. Треба да се развива доверба, а не луѓето да се плашат едни од други. И тоа се е во ред, но пред нас има многу работа – додаде Вучиќ.
За Заедницата на српски општини во Косово, Вучиќ рече: „Ние имаме потписи за формирање на четири договори“.
Важен е документот од 2015 година кој говори за принципите. Зошто таа заедница е важна за српскиот народ? Да зборуваме за реалноста. Сите кои живеат јужно, сите живеат како во гето. Немаат никаква институционална заштита. Иако градиме голема болница во Грачаница, сите чекаат да се дофатат до Косовска Митровица и северниот дел, бидејќи е наклонета кон централна Србија и затоа што тука се чувствуваат слободни. Заедницата на српски општини ни е потребна секаде каде Србите живеат. Но, многу повеќе на југот, отколку на северот. Со тоа Србите ќе добијат институционална рамка на делување, и како што е предвидено, орган со свој претседател, совет, своја администрација, општина, која ќе комуницира како што е договорено со договорот од Брисел, со централните власти. Како и да го нарекувате, што и да кажувате, измислувате бајки, можете да правите што сакате, ова е тоа што нас ни е важно – кажа Вучиќ.
Тој објасни дека Косово сака да ја формира заедницата на три столба. Вучиќ кажа дека 50 пати дошле претставници на европската заедница да го натераат да потпише договор.
Првиот столб е Уставот на Косово. Вториот столб е изјавата на Федерика Могерини, дека нема да има извршна моќ. Можете да ги викате како сакате, но овластувањата се јасни. И третиот столб кој го сакаат, е уредничко писмо. Јас кажав дека имам сешто видено и додадов: ‘Дали е можно вие луѓе навистина ми зборувате дека материјалниот и формалниот извор на правото треба да биде текст од медиуми?’. И успеавме да се избориме за она што е од дијалогот – да биде применето. Дали ќе биде или нема – се надевам дека е можно, а се плашам дека ќе биде многу потешко од она што јас денеска мислам. Јас не кријам од никого ништо, го кажувам секој детаљ, бидејќи гледам дека тие суштински на тоа не се подготвени – додаде Вучиќ.
Зборуваше и за тоа што е променето за Србија, па рече: „Не многу. Ама од ова прашање ќе зависи нашиот пат кон ЕУ. За нас нема никакви обврски“.
Потенцираше дека нему му е важно Србите да имаат мир во Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.