Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека стравува дека ситуацијата околу Косово и Република Српска ќе станува се поостра во наредниот период, како и дека Западот ќе станува се понервозен пред руските избори на 17 март. Тој повтори дека постои намера Охридскиот договор да се вклучи во преговарачкото поглавје кое се однесува на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Ќе ви објаснам каква техника сакаат да ја постигнат својата цел. Охридскиот договор да биде целосно прифатен со согласност на Србија и со деловите што ги отфрливме, а кои се однесуваат на ОН, агенциите, институциите и организациите во ОН, дека тоа да биде дел од поглавјето, а потоа ви носат посебен извештај на ЕУ што го проследуваат до ОН, дури и не мора да не прашуваат за тоа – изјави Вучиќ синоќа за ТВ Хепи.

Вучиќ оцени дека претстојната седница на Европскиот совет ќе биде најинтересна досега, поради одлуките што треба да се донесат, но изрази жалење што поради изборите во Србија нема да се следи со вниманието што го заслужува .

На прашањето дали ќе има некакви закани, претседателот на Србија вели дека ќе има.

Тој посочи дека Србија е на европскиот пат, но, како што вели, си дала право да води слободарска политика.

„Денес Србија е можеби единствената земја, секако во овој дел од Европа, можеби и во цела Европа, која може да биде на европскиот пат и која си даде право да води независна и слободарска надворешна политика “, рече Вучиќ.

Тој изјави дека Србија не се приклучила кон декларациите со кои се носат нови санкции против Русија, бидејќи има свои интереси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.