Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите дека францускиот претседател побарал Србија да воведе санкции кон Русија.

Макрон рече дека мораме да воведеме санкции кон Русија и дека ова е уцена. Дозволете ми да ви го повторам ставот што го искажавме осум дена по почетокот на конфликтот во Украина, тој важи и денес, вели Вучиќ

Србија, додава тој е горда на својата позиција.

Е мала по население, но е голема во душата. Србија нема да ја смени својата позиција и никој нема да ја уценува, изјави Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.