Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил сподели важна порака до граѓаните на Србија.
Ќе ја бранам нашата Србија, дури и да сум единствениот што го прави тоа. И знам дека не сум единствениот, Србија ќе живее!, пишува на фотографијата објавена на Инстаграм профилот на „АВучиќ“.
Српскиот претседател во интервју за Си-ен-ен, кажа дека Србија е секогаш за преговори, но дека другата страна (Косово) не прави ништо во врска со тоа. Ги обвини косовските власти за малтретирање и апсење на српското население на Косово. Тој рече дека го осудува убиството на косовскиот полицаец, но дека треба да се разбере и српското население, кое, како што објасни, морало да се брани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.