Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека сите во светот и во регионот „се вооружуваат до заби“ и дека Србија не смее да заостанува во овој поглед.

„Сите се вооружуваат до заби. Се вооружуваат и во регионот и наше е да не заостанеме. Сè што можам да ви кажам е дека не заостануваме“, рече Вучиќ при посетата на Руската куќа во Белград.

Тој додаде дека јавноста наскоро ќе може да се увери во тоа и самата, пренесува Бета



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.