Српскиот претседател Александар Вучиќ сепак се предомисли, одлучи да оди во Брисел.
Тој се обрати на РТС и ја кажа својата одлука, веднаш откако специјалниот пратеник Џозеф Борел објави дека тој и косовскиот премиер Албин Курти ги повикал на итен состанок.
Ќе одам во Брисел да разговарам со Борел час, два, 10, немам никаква врска со Курти. Разговорот со него нема никаква смисла. Тој ни држи предавања за филозофија, малку за Демачио, малку за Маркс и тоа е се. Се друго се однесува на прогон на Србите и предавања за внатрешно-политички прашања во централна Србија – рече Вучиќ.
Започнаа и апсењата на Србите јужно од Ибар. Нивната цел е да ги протераат Србите од цело Косово и Метохија, изјави тој за РТС.
Ние сме сами во ова, мораме да ги разбереме сопствените сили. Некој мора да извршува тешки задачи во име на граѓаните во најтешки услови. Ги молам луѓето да разберат дека земјата е во тешка ситуација. Ние сме под најтешки притисоци. За прашањето за Косово разговараме само со колективниот запад. Се чудите како да разговарате со некој со кој нема муабет. Погледнете ги изјавите на Ескобар ќе разберете се и ќе видите во каква страшна ситуација е Србија – изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека на Запад мислат дека теророт врз Србите можно е да продолжи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.