Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Молдавија изјави дека делегацијата од Приштина не сакала да има средба со српската делегација на самитот на европската политичка заедница и дека тоа не е одобрено од другите лидери.
Ситуацијата на Косово, заедно со Украина, стана главна тема на самитот на европската политичка заедница. Зборувавме и јас и (претседателот на Косово Вјоса) Османи, тие не сакаа средба со српската делегација, а тоа не беше одобрено од кого било, изјави Вучиќ на крајот од самитот, пренесе Бета.
Вучиќ рече дека „Србија секогаш сака разговори“, но дека му се чини дека „се појасно е кој е одговорен за насилството на Косово и Метохија“.
Јас секогаш внимателно ги толкувам позициите на големите сили, но мислам дека сега работите стануваат се поочигледни и појасни дури и за оние луѓе кои не секогаш се согласуваат со нас, рече Вучиќ.
Вучиќ рече дека денеска на маргините на самитот во Кишињев имал „многу важни“ билатерални средби и изјави дека имал долг одвоен разговор со премиерите на Полска и Холандија, Матеуш Моравјецки и Марк Руте.
Тој изјави дека очекува Моравјецки и Руте да го посетат Белград во следниот месец, како и премиерите на Белгија и Луксембург. Вучиќ рече дека имал одвоени средби со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, а тие тројца ќе имаат и заедничка средба.
Со Шолц и со Макрон пред се ќе разговарам за тоа како да се деескалира ситуацијата, а потоа како да се избегнат дополнителни провокации и еднострани потези, која ќе биде вистинската гаранција за тоа. Но, и за тоа дека треба да се фокусираме на формирање на Заедницата на српските општини и за она што треба да го исполниме, рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.