Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во разговор со претставници на ЕУ и на Квинтата побара од нив да направат се што е во нивна моќ за да го спречат Албин Курти да започне нова војна на Балканот.
Разговарав со претставници на ЕУ и на Квинта. Ги замолив да направат се што е во нивна моќ и да го спречат Курти да започне нова војна на Балканот, објави Вучиќ на Инстаграм.
Претседателот Вучиќ се сретна со претставниците на – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија и со шефот на делегацијата на Европската унија во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.