Претседателот  на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста изјави дека неговата понуда до опозицијата и оние кои го критикуваат да побара референдум за за отповикување на претседателот на Републиката, наведувајќи дека тие глумат дека протестираат против ископувањето на литиум, и да протестите се всушност против него лично.

Одлуката за литиумот нема да се донесе без народот, здруженијата и политичките партии да одбијат да разговараат и ги доведуваат граѓаните во заблуда, кажа Вучиќ и посочи дека доколку сакаат можат да излезат на референдум за импичмент на претседателот.

За да не мислите дека по секоја цена ќе ја држам власта, моја понуда е да не го влечете нашиот народ секој ден, поднесете барање од 80, 75 потписи, јас ќе ви го обезбедам остатокот, ќе помогнам да го имате потребното мнозинство од две третини во собранието и до крајот на годината да одржиме референдум за отповикување на претседателот до крајот на годината. Им велам на политичарите – вие тоа не го правите заради литиумот туку заради мене, сакате да ми го видите грбот. Нема проблем, изјави Вучиќ.

Тој најави дека нема да се откаже од борбата за напредок на Србија, но дека референдумот за негов импичмент може да се одржи и тоа веќе на крајот на годината, во декември или во март.

Само нека биде 50 отсто од бројот на излезени, не сите граѓани, јавно ветувам дека ќе се повлечам ако се изгласа, рече Вучиќ.

Вучиќ издвои, како што рече, „пет точки кои се важни“ во врска со проектот „Јадар“ и литиумот.

Прва е дека „ниту се копа на терен, ниту ќе има ископување додека не ги добиеме сите гаранции, во следните 12 до 18 месеци“.

Тој додаде дека втората точка е „да се грижиме за луѓето кои ги продале своите имоти преку директен договор со Рио Тинто, да се обидат да ги решат проблемите што ги имаат“.

Како трета точка тој наведе дека „грижата за заштита на животната средина ќе им биде доделена на најдобрите светски, домашни експерти“, а четвртата точка, според Вучиќ, е „борбата за целосниот синџир на вредности“.

Тој се осврна и на наводите за опасноста од употреба на сулфурна киселина при експлоатација на литиум во Србија.

Вучиќ најави зголемување на пензиите, како што рече „и пред јануари“, и дека зголемувањето ќе биде 11 проценти, „што е околу 5.000 динари за просечна пензија“. Тој најави и зголемување на платите за вработените во образованието, како и зголемување на минималната плата за таа „да изнесува повеќе од 50.000 динари“.

Тој најави и дека од 1 ноември ќе се зголеми родителскиот додаток и тој износ исплатен на рати ќе изнесува 4.336 евра за прво дете, кој досега изнесуваше 3.307 евра, додека за второ дете ќе изнесува вкупно 6.344 евра, за трето дете над 20.500 евра и за четврто дете 27.230 евра.

Како што кажа, Србија има стопа на раст од 4,2 во вториот квартал и е прва со раст во Европа и дека на сметка има 6,5 милијарди евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.