Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата за извештајот за напредокот на преговорите со Приштина денеска изјави дека геополитичката ситуација за Србија никогаш не била понеповолна и дека не треба „да се потценуваат потенцијалните закани што доаѓаат од Западот“.

Ова не е прашање на љубов или идеологија, ова е прашање на опстанокот на нашиот народ и опстанокот на нашата земја – рече Вучиќ во одговор на прашањата на пратеникот на „Двери“ Иван Костиќ.

Костиќ го праша претседателот Вучиќ дали верува дека постои можност државата да донесе нова платформа за преговори со Пришптина

Според српскиот претседател, “геополитичките околности за нас се полоши отколку што беа во изминатите десет или 15 години“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.