Се обидоа да ни ја распарчат државата, а поминаа 25 години и сѐ уште не се даваме, не се согласуваме со распарчување на Србија, изјави во неделата вечерта српскиот претседател Александар Вучиќ на државната комеморација по повод 25-годишнина од почетокот на бомбардирањето на НАТО на тогашнаа СР Југославија.

Во цела Србија денеска со серија комеморации беше одбележана 25-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз поранешна СР Југославија, во кои, според официјалните проценки, загинаа околу 3.500 војници, полицајци и цивили, меѓу кои 89 деца, а околу 6.000 луѓе се ранети, додека економската штета се мери во стотина милијарди долари.

Западниот воен сојуз започна со напади на територијата на СРЈ на 24-ти март 1999 година, наречени „Милосреден ангел“ во 19 часот и 45 минути обвинувајќи ја властаво Белград дека одбила да го потпише договорот од француски Рамбује за српската јужна покраина Косово и Метохија.

Одлуката за бомбардирање е донесена како преседан во историјата на Обединетите нации, без одобрение на Советот за безбедност, бидејќи членките на НАТО, поради ветото што го најавија Русија и Кина, не успеаја да добијат согласност од Советот за безбедност на ОН. Тоа, како прекршување на Повелбата на светската организација е жестоко критикувано, а на неа укажува Русија кога сега ја обвинуваат за нелегалната инвазија во соседна Украина.

Амбасадорите на водечките западни земји во саботата објавија изјава во која се обидуваат да ги оправдаат причините за започнувањето на воздушните напади на НАТО, нагласувајќи дека „Операцијата Сојузничките сили беше осмислена да го принуди Слободан Милошевиќ, тогашниот претседател на СРЈ, да стави крај на злоупотребата на цивилното население во Косово, за да се спречи хуманитарна катастрофа и да се овозможи враќање на бегалците и раселените лица, а хуманитарните организации пристап до Косово“.

Воздушните напади траеја до 10 јуни 1999 година, кога во Куманово беше постигнат договор со кој беше наложено повлекување на воените и полициските сили од Косово и формирање на Привремена административна мисија на ОН (УНМИК). Сега Белград ги обвинува западните земји со чијашто поддршка албанското мнозинство во српската покраина на 2008 година еднострано прогласи независност, дека оваа резолуција 1244 не се почитува од страна на западните земји.

„Не ја завршивте вашата валкана работа за парчењето на оваа земја, бидејќи овој народ е посилен и Србија е посилна. Србија ќе се спротивставува, не можете да ни ја одземете слободата, ние нема да ја дадеме и никогаш нема доброволно да признаеме дека ни го одземате Косово и Метохија. Кои сме ние и што сме без Србија? Никој и ништо“, изјави Вучиќ вечерва во Прокупље на југот на Србија, каде се одржа централната комеморативна манифестација.

Годинава, додаде тој, „некои се обидоа да ни објаснат дека бомбардирањето е неопходно заради нас, за Србија да оди напред во иднината“.

„А во следната реченица велат дека веруваат дека Србија и Косово заедно ќе гледаат кон иднината“, рече Вучиќ.

Доста е убивање, додаде Вучиќ, оценувајќи дека на Србија и претстои добра иднина. „

Пред нас е добра и голема иднина за Србија, која ќе знае да се брани“, порача српскиот претседател.

На комеморацијата во Прокупље присуствуваа шефот на државата Србија и претседателот на босанскиот ентитет на Република Српска, Милорад Додик и поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порифрие, кој служеше парастос за жртвите за време на тритемесечното бомбардирање во 1999 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.