Директорот на српската Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка, наведувајќи дека „САД и ЕУ ја бараат неговата глава како предуслов за да не се воведат санкции кон Србија“.

„Јас не сум причина за уцени и притисок врз Србија и српскиот свет, но нема да дозволам да бидам причина за уцени и притисок врз Србија и српскиот свет“, напиша Вулин објаснувајќи ја својата одлука да поднесе оставка.

Како што наведува во соопштението, „српскиот претседател Александар Вучиќ и Србија се соочуваат со закани и уцени кои можат да се споредат само со австроунгарскиот ултиматум од 1914 година“.

„Мојата оставка нема да ја промени политиката на САД и ЕУ кон Србија, но ќе ги забави новите барања и уцени“, рече Вулин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.