Србија итно ќе испрати два специјални тима, по 12 лица, и офицери за врска да и помогнат на Турција по земјотресот.

Турција и Сирија беа погодени од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа повеќе од 600 луѓе, а илјадници беа повредени.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ нареди веднаш да се испрати се што и треба и може да направи Србија.

Како што е потврдено за Танјуг, Србија испраќа помош во форма на специјалистички спасувачки тимови од урнатините на Одделот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи со 21 член и 3 офицери за врска.

Испратени се специјалистички тимови со опрема за пробивање и сечење, подигање товар, спасување и работа на висина и електронско пребарување.

Припадниците на Секторот се обучени за ваков тип на потрага и спасување од урнатините, а досега се опремени и обучени осум специјалистички тимови со 140 членови.

Претседателот Вучиќ утрово упати сочувство до турскиот народ, во кое истакна дека „Србија е подготвена да ја понуди сета потребна помош“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.