Снежната бура под името „Барбара“ што од саботата ја зафати Грција, со силен ветер и снег, создаде проблеми во повеќе делови на земјата меѓу кои и Атина.

Според грчките медиуми, со одлука на надлежните власти денеска во Атина се затворени градинките, основните и средните училишта, јавната администрација работи од дома, продавниците во северниот дел на градот се затворени, а преку бројот 112 за итни случаи била упатена препорака до граѓаните да ги ограничат нивните движења.

Проблеми имало и на автопатот кон Солун, што неколку пати бил затворан и повторно отворен, додека пак поради силниот ветер, постои забрана за пловидба од сите атински пристаништа. ср/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.