Во Србија на полноќ започнува предизборен молк, а вечерва владеачката Српска напредна странка (СНС) и коалцијата „Србија не смее да застане“ во Крагуевац одржа завршен предизборен собир, на кој претседателот на Србија вети победа на изборите и одговорна и чесна влада, јави дописникот на МИА од Белград.
-Очекувам да ги победиме. Да ги победиме и да обезбедиме апсолутно мнозинство во српскиот Парламент. Повеќе од 125 мандати, за Србија да има мир и стабилност и да знае по кој пат ќе оди. Затоа ве замолувам да сеангаќирате и да ги победиме поубедливо од било кога. Со апсолутно мнозинство. Со другите не сме задоволни, рече Вучиќ.
Тој порача дека опозицијата знае дека ќе изгуби на изборите во недела и веќе подготвува планови за тоа и им порача дека власта во Србија може да се освои само со волјата на народот.
-Ќе кажам нешто за нивните планови. Знаат дека Србија ќе победи во недела, што значи дека ќе останат без власт уште четири години. Тие тоа добро го знаат и затоа ги подготвија своите планови, кои се всушност планови против Србија, изјави Вучиќ.
Тој ги повика граѓаните да гласаат на изборите на 17 декември и зошто „Србија има одлична можност да постигне најголем (економски) раст во историјата во следните четири години“.
Поранешниот претседател на Србија и СНС, Томислав Николиќ изјави дека на Србија и го посакува само најдоброто, што според него не е можно без изборна победа на коалицијата околу СНС
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.