Претседателот Вучиќ се одлучи на овој потег поради насилството што полицијата на Аљбин Курти го спроведува врз српскиот народ во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Тој, исто така, побара од НАТО итно да направи напор за крај на насилството врз Србите.

Косовските полицајци денеска пред пладне ги опколија зградите на општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, по што се огласија сирените за тревога.

Сирените за тревога се огласија и во Северна Митровица. Во Лепосавиќ нема сигнал од мобилниот телефон.

Косовската полиција влегле во зградата на општина Звечан И употребиле солзавец како и шок бомби.Тие фрлија солзавец и пред зградата на општина Звечан за да ги растераат насобраните Срби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.