Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска е во посета на Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ ја пречека на аеродромот со голем букет цвеќе, а во знак на добредојде беа поставени и знамиња.
Но, проблемот е што ја пречекаа италијанската премиерка – со унгарски знамиња.
Знамињата, како и секогаш при пристигнување на странските гости, беа поставени покрај автопатот и главните улици во градот, како и пред Палатата Србија, каде што се одржува средбата меѓу италијанската премиерка и српскиот претседател. Пред Палатата знамињата беа правилно поставени, но проблем настана со поставените покрај автопатот.
Имено, комбинацијата на боите на италијанското и унгарското знаме е иста, но унгарските пруги се поставени хоризонтално, а италијанските вертикални.
Српското знаме беше поставено по должина, но нешто запна кај италијанското знаме, ригите не беа правилно поставени, па италијанската премиерка беше пречекана со унгарски знамиња.
– Сакаме да нагласиме дека процедурите за поставување на знамето на Република Италија беа спроведени со најголема грижа и во согласност со меѓународните протоколи. Форматот за поставување знамиња покрај автопатиштата кај нас е вертикален, што бара специфична адаптација на знамињата на сите земји на овој формат. Овој метод на инсталација е усвоен за да се обезбеди еднообразна презентација и почитување на сите знамиња, без разлика на нивните оригинални пропорции – соопшти Владата на Србија.
Dolazi nam Premijerka Italije, mentoli, ko god da je, okačili zastavu Mađarske.@avucic da li je stvarno moguće da tamo kod vas , po službama, protokolima, radi neko ko bar za ovo mozga nema…..aman. Blam blam.. pic.twitter.com/Yek6wVCtln
— Nataša Stojanović (@tashananana) December 3, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.