Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека очекува реконструкција на Владата која би се извршила во периодот од март до јуни следната година и истакна дека премиерот Милош Вучиќ ќе ја има неговата целосна поддршка, како и дека се можни избори во декември 2026 или на пролет 2027 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Знаете, имате некои луѓе кои мислеа дека можат да бидат таму (Влада) и да направат повеќе работи за себе, а не за граѓаните и општеството во целина. Луѓе кои мислат дека се незаменливи, луѓе кои мислат дека можат се, рече Вучиќ на РТС.

Според него, анализата на работата мора да ја направат градовите и општините, на ниво на покраината Војводина и на национално ниво. Тоа, како што вели, секогаш е добро.

На темата избори тој рече дека тие ќе се одржат во декември 2026 година или во пролет 2027 година и оцени дека опозицијата ќе помине многу полошо од претходно.

Сакам да кажам дека ќе продолжиме да градиме и да работиме. Никој нема да не спречи. Избори ќе има, а за тоа можеме да разговараме со претставниците на опозициските партии, кога и да сакаат, или во декември 2026 година или на пролет 2027 година, рече Вучиќ.

На констатација дека опозицијата сега ги бара изборите, Вучиќ се согласи дека тоа е така, но додаде дека „сепак го молат Господ да не ги добијат“. На прашањето дали тоа значи дека воопшто не размислува за вонредни избори, Вучиќ кажа – не.

Тоа не ме интересира, освен ако навистина не инсистираат, тогаш можат да ги добијат. Но, веднаш да ви кажам, како што ви кажав за изборите во Белград, ќе поминат многу полошо отколку на претходните, рече тој.

Кога станува збор за евроинтеграциите, Вучиќ рече дека не може да се согласи со оценката дека тие се „заглавени“, но дека може да каже дека одат полека, а нагласи дека доколку Србија ја признае независноста на Косово и воведените санкции кон Русија веднаш ќе биде примено во ЕУ.

Претседателот на Србија зборуваше и за ископ на литиум, но и за гасниот аранжман што го обезбеди за Србија со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Вучиќ рече дека со Путин имал добар разговор меѓу другото и за гасот и дека се договорени добри цени кои за Србија се драстично пониски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.