Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сака да ја коментира изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека земјата го суспендирала процесот за визна либерализација за Косово, што требаше да стапи на сила на 1 јануари.

„Не сакам да коментирам. Ова е одлука на една од најголемите европски земји. Му благодарам на Макрон за многу други работи, за пријателството што го покажува кон Србија. Во врска со забелешката дека мора да го осудиме насилството во Бањска, тоа го сторивме уште истиот ден неколку пати и го молам господинот Кошар да пренесе дел од тие изјави, иако мислам дека тоа и самиот му го кажав на претседателот Макрон кога бевме на состанокот во Гранада“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател напомена дека е важно Србија да продолжи со дијалогот во обидите да се решат проблемите.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано објави дека специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во сабота доаѓаат во посета на Белград и Приштина.

Заедно со нив во посета на двете страни доаѓаат и главните советници на лидерите на Франција, Германија и Италија, Емануел Боне, Јенс Плоетнер и Франческо Тало.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.