Министерот за одбрана и лидер на СНС, Милош Вучевиќ, изјави дека врз Белград и претседателот Александар Вучиќ постои притисок да ги „дисциплинираат“ Бањалука и претседателот на Република Српска Милорад Додик, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучевиќ за Радио-телевизија на Република Српска (РТРС) изјави дека Србија ја почитува Босна и Херцеговина како пријателска соседна земја, составена од два еднакви ентитети и три конститутивни нации.
Според него, Белград, „за разлика од некои политички структури во Сараево“, многу јасно кажува дека го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.
-Меѓутоа, политичката елита во Сараево не го почитува територијалниот интегритет на Србија, но тоа не може формално да го спроведе поради Република Српска и српскиот народ во Босна и Херцеговина во врска со прашањето за Косово и Метохија, изјави Вучевиќ.
Тој додаде дека Србија се грижи за опстанокот на Република Српска, и оцени дека сè она што исклучува еден народ и еден ентитет и „се што е наметнато“ не е добро за Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.