Иако требаше да биде ослободен по одлежувањето на 16 месеци затвор за илегален пиштол, лидерот на „Кланот Америка“ Милета Миљаниќ сепак ќе остане во притвор во Њујорк поради обвинувања за измама во американскиот државен фонд, пишува „Американ Land News“.

Овој клан  е еден од најмоќните и најдолготрајните балкански криминални групи и повеќе од две децении шверцува кокаин од Јужна Америка во Европа.

Миљаниќ беше осуден на 16 месеци затвор минатата недела во Њујорк за незаконско држење пиштол – казна што за малку ќе ја одлежеше додека ја чекаше пресудата во притвор од февруари минатата година. Сепак, тој нема да биде ослободен.

Обвинителот Џејсон Сверголд побара од судијата да го осуди Миљаниќ на построга казна за да го задржи во затвор. Тој се плашеше дека Миљаниќ може да побегне во Србија, каде што има недвижен имот и чиј државјанин е  доколку биде ослободен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.