Момчето било неухрането, модро, не можело да зборува, телото му било покриено со рани и гребаници.Вака започнува една од најневеројатните приказни се случила во Босна. Животот на Харис Пуќурица со диви ѕверови веројатно ќе останеше закопан некаде меѓу ужасите на војната, доколку учителот Драган Роловиќ не ѝ го раскажеше тоа на Ана Томовиќ, театарска режисерка која во тоа време работеше со децата во институцијата!
Оваа приказна Ана му ја раскажа на својот сопруг, режисерот Вук Ршумовиќ. Тој бил толку инспириран од неа што решил да сними филм. Филмот „Ничие дете“ имаше премиера на филмскиот фестивал во Венеција, каде ги освои срцата на публиката и се врати со дури три награди.
Приказната започнува некаде на тројната граница на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, во 80-тите години, поточно во 1988 година, ловџиите виделе момче како оди на сите четири во глутница волци. Ги убиле волците и го фатиле момчето.
Не знаеле кој е, од каде е, чиј е, ништо. Телото му беше покриено со рани и гребаници, неухранет, син, не знаеше да зборува… Го нарекле Харис Пуќурица.
Бил сместен е во централното прифатилиште за деца и млади во Белград, каде што престојува до 1992 година. Потоа дошла наредба да се вратат децата во центрите од кои дошле. Па така Харис бил вратен во Босна и Херцеговина каде во војната му се губи секаква трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.