Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, одговори на поканата на државните органи на Србија за настанот во селото Бањска во северниот дел од Косово и како граѓанин даде изјава за околностите на трагичниот настан во с.Бањска на 24.09.2023 година. Тоа денеска го соопшти српското МВР.
За наведеното, како што се додава во соопштението, во форма на записник ќе биде известено Вишото јавно обвинителство Белград, кое ќе преземе натамошни процесни мерки и дејствија од негова надлежност.
Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, кој во петокот поднесе оставка од таа функција, преку изјава што ја пренесе неговиот адвокат потврди дека бил со група Срби од Косово, кои се судрија со косовската полиција во близина на с. Бањска и дека тој стои зад логистиката, како и дека официјален Белград не бил информиран за тој план.
Неговиот адвокат Горан Петронијевиќ рече дека смета оти нема простор за водење каква било постапка против Радоичиќ и другите Срби и дека нема „апсолутно никаква одговорност“ на нивна страна.
Во судиорт меѓу косовски Срби и косовската полиција во неделата на 24 септември во селото Бањска загина полицаец Албанец и најмалку тројца Срби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.