Во Хрватска, на Истра, во близина на Пула, падна мал авион, при што најверојатно загинале двајца.
Како што дознава Istra24, кусо пред 13 часот денеска, на пулскиот аеродром се случил инцидент со приватен авион.
Неофицијално се дознава дека авионото, полн со гориво, паднал при полетувањето и дека во несреќата загинале двајца. Наводно се работи за странски државјани, сопружници.
Авионот имал германски ознаки, па се претпоставува дека се работи за германски државјани.
На местото на несреќата има екипи на брзата помош и пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.