Дијана Хркаловиќ  со лисици на рацете ја донесе чувар во судницата на првото рочиште. Без шминка, пуштена коса, облечена во фармерки, дуксери и патики таа изгледаше непрепознатлива.

На прашањето на судијката дали се согласува со промената на адвокатот, таа кусо одговори: Да.

На прашање на судијката дали и е јасно дека тоа значи одложување на судењето, таа кусо рече:

„Јасно, пријатно“, по што беше вратена во кутијата за обвинетите во која седеа Милорад Шушњиќ и Дејан Миленковиќ Багзи.

Дијана потоа повторно беше врзана со лисици во кутија опкружена со стакло од публиката и вратена во притвор. Никој од членовите на семејството и пријателите не дошол да ја поддржат од публика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.