Актуелниот градоначалник на Атина Харис Дукас и пратеникот и поранешен министер Павлос Геруланос, засега се противкандидатите на претседателот на ПАСОК Никос Андрулакис на внатрепартиските избори за лидер на грчката опозициска партија, што ќе се одржат на почетокот на октомври, јави дописничката на МИА од Атина.
По европските избори минатиот месец кога ПАСОК освои 12,8 отсто од гласовите и не успеа да ја симне СИРИЗА од втората позиција и да стане втора политичка сила во Грција, што воедно беше и поставената цел, актуелниот претседател Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци.
Говорејќи вчера на состанокот на централниот комитет на ПАСОК, предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври, а вториот круг доколку е потребно, да биде една седмица подоцна и паралелно соопшти дека одново ќе биде кандидат за лидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.