Во Хрватска досега се регистрирани десет случаи на заболени од мајмунски сипаници. Сите пациенти се мажи на возраст од 30 до 50 години, а во два случаи е констатирано дека се заразиле во странство, изјави синоќа епидемиологот Горанка Петровиќ.

Хрватска ги очекува првите серии вакцини против оваа ретка, заразна болест во следните недели.

Европската комисија организира општа јавна набавка за вакцини. Количината на распределените дози ќе биде пропорционална на населението на секоја земја членка, истакна Петровиќ.

Хрватска може да очекува 1.400 дози за имунизација на луѓето кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.