Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.496 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 10.435.
Меѓу нив има 668 пациенти на болничко лекување, од кои 27 пациенти се на апарати за дишење. Починаа 12 лица.
Во моментов во самоизолација се 6.407 лица
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, до денес се регистрирани вкупно 1.185.799 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 16.300 починале, а вкупно 1.159.064 лица оздравеле, од кои 1.565 во последните 24 часа.
Во моментов во самоизолација се 6.407 лица. До денес се тестирани вкупно 5.046.775 лица, од кои 3.816 се тестирани во последните 24 часа, информираат од Штабот за цивилна заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.