Во полициска акција во близина на грчкиот град Кукуш (Килкис) уапсени бил 27-годишен државјанин на Македонија под обвинение дека во автомобилот пренесувал 45 килограми канабис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според истите информации, уапсениот првично не застанал на знаците на полицијата, се обидел да побегне, зголемувајќи ја брзината и во обид да заврти полукружно удрил во друг автомобил.
Во автомобилот на 27-годишниот македонски државјанин биле пронајдени две торби со 40 пакувања канабис со вкупна тежина од 45 килограми и два грама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.