Создаваме рамка за конечно во Грција да функционираат непрофитни, недржавни високообразовни институции, соопшти грчкиот премиер Киракос Мицотакис на денешната владина седница, коментирајќи дека станува збор за историска реформа во образованието, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека конкретниот предлог-закон на Министерството за образование „дава можност земјата да стане центар за привлекување студенти од странство“, а во исто време придонесува оние над 40.000 млади кои секоја година бараат студии во странство, сега да останат во Грција.

Посочи дека приоритет на Владата секако остануваат државните универзитети, кои во иднина ќе бидат зајакнати

Во исто време кога јавното високо образование се ослободува од бирократијата, недржавните универзитети во суштина доаѓаат да ја исправат историската образовна грешка. И тоа е затоа што остануваме една од ретките земји на планетата кои продолжуваат да креваат такви ѕидови во образованието. Недржавните, непрофитни институции ќе можат да работат како претставништва на странски универзитети, од кои, морам да ви кажам дека веќе има голем интерес, додека нивните студиски програми ќе се одобруваат врз основа на строги академски критериуми и нивните објектите, исто така, ќе мора да се усогласат со многу специфични, строги услови – објасни Мицотакис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.