На подрачјето на Зеница во Босна и Херцеговина еоткриена населба и гробници стари 3.000 години, како и бројни вредни предмети.

На локалитетот Копило се пронајдени десетици скелети и повеќе од 25.000 керамички садови.

Не постои на територијата на БиХ, но и надвор од БиХ…не може да се најдат некои аналогии за овие гробни градби каде што во една гробна конструкција биле закопани три или четворица членови од потесното семејство. Тоа ќе го провериме со дополнителни анализи – вели за телевизијата „Н1“, археологот Марио Гаврановиќ.

Најстарата гробница датира од периодот 1.000 п.н.е., а пронајдена е гробница и од 500 г.п.н.е.

Тоа значи дека 10 генерации ги користеле овие гробишта – вели Гаврановиќ.

Во една гробница се пронајдени скелети од деца. Специфичноста на овие гробници е што еден сад секогаш бил поставен над главата на покојникот.

Во гробниците биле пронајдене и многу парчиња накит. Она што уште се знае за луѓето што живееле на овие простори е дека се занимавале со земјоделство и дека работеле со железо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.