По неколкумесечна оперативна работа и собирање докази во центарот на Белград, во Врачар, денеска е спречено убиството на Лука Бојовиќ, дознава „Курир,рс“!

Уапсени се членови на криминална група поради сомнение дека сториле кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, недозволено производство, држење, носење и продажба на оружје. и експлозивни материјали, како и подготвителни дејствија со цел извршување на кривично дело тешко убиство.

Кој е Лука Бојовиќ

Бојовиќ се смета за наследник на „легендарниот“ Земунски клан кој беше најпрво во бегство а потоа и во затвор во Шпанија.Сега е на слобода во Србија откако одлежа поголемиот дел од казната за шверц на дрога.

Лука Бојовиќ е свесен дека со доаѓањето во Белград стана лесна мета на противничкиот клан и одлучил воопшто да не користи мобилен телефон, па итните повици ги остварува исклучиво преку телефонот на неговата мајка Анѓелка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.