Во Хрватска годинава влегоа 36.000 мигранти, а многумина добија решенија за напуштање на европскиот економски простор во рок од седум дена, вклучувајќи ги и оние на кои им се пружа хуманитарна помош во Загреб и Риека, изјави денеска хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Тој посочи оти низ Европа забележано е зголемување на илегалните миграции, вклучувајќи ги и земјите од западниот и источниот Медитеран.

– Оваа година во Хрватска влегоа 36.000 мигранти, што претставува зголемување за 145 отсто. Хрватска е една од ретките земји што презема сè што се однесува на безбедноста и заштитата на човековите права, нагласи министерот.

Со оглед на тоа што Хрватска не им е крајна дестинација, многумина од пристигнатите мигранти не сакаат да поднесат барање за азил



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.