Софиското издание „24 часа“ синоќа соопшти за одржана средба на лидерите на владејачката коалиција во Бугарија на тема Македонија, повикувајќи се на учесници на средбата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двете главни теми биле пристапувањето на Македонија во Европската Унија и обединување околу заедничка кандидатура за шеф на Бугарската народна банка.

Локалните медиуми потсетуваат на зборовите на бугарскиот премиер Кирил Петков на средбата на премиерите на државите членки на НАТО од Југоисточна Европа што се одржа во Софија, дека Македонија има место во европското семејство и тоа треба да се случи што е можно поскоро.

За време на средбата Петков рекол и дека Бугарија и нејзината влада се посветени тоа да се постигне, но има прашања кои треба да се разјаснат етапно, меѓу кои се и правата на малцинствата.

Кирил Петков посочил дека Бугарија и Македонија постигнале голем напредок во односите во последните три месеци, вклучително и за историските прашања, и дека прво ќе ги запознае своите коалициски партнери со извештајот за напредокот на историската комисија, а потоа ќе го тоа претстави пред јавноста во Бугарија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.