Владата на Србија одлучи максималната малопродажна цена на сончогледовото масло за јадење во пакување од еден литар да не надминува 219,99 динари.
Ова се наведува во измените на Правилникот за ограничување на цената на основните прехранбени производи, кои Владата на Србија ги донесе на 20 октомври, а кои ден подоцна беа објавени во Службениот весник.
Во основниот текст на Уредбата од 28 јули годинава беше утврдено дека цените на сончогледовото масло за јадење во литарско пакување не смеат да бидат повисоки од цените кои важеа на 15 ноември минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.