Вишиот суд во Белград отфрли уште една жалба на коалицијата „Србија против насилство“ и со тоа го потврди ставот на Градската изборна комисија дека не е надлежна да одлучува за поништување и прегласување на изборите за пратеници во Народното собрание, објави ГИК.
„Како што истакна претседателот Зоран Лукиќ, Градската изборна комисија се прогласи за ненадлежна во однос на приговорот што го доби од таа Коалиција, која побара поништување на парламентарните избори на сите избирачки места, а приговорот го префрли во надлежност на Републичка изборна комисија“, соопшти ГИК, јавија белградските медиуми.
Против таквата одлука на Градската изборна комисија беше поднесена жалба, која Вишиот суд во Белград ја отфрли како неоснована
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.