Вишото јавно обвинителство во Белград, во соработка со Службата за борба против организиран криминал на Србија на 10 ноември приведе петмина мажи кои биле однесени на информативен разговор. Тие биле изнесени од луксузен ресторан во трговски центар во Белград во петокот околу 14 часот.

– Приведените се поврзани со објавување на неколку видеа со вознемирувачка содржина, на кои се гледа насилство, закани и меѓу другото, тврдења дека „рекетираат половина Белград“. Вишото јавно обвинителство во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Србија ќе ги преземе сите неопходни мерки од негова надлежност и проверка со цел утврдување на сите факти и гонење на сторителите на кривични дела, како и заштита на личните безбедноста и имотот на граѓаните – соопшти обвинителството.

Меѓу приведените беа и браќата Љубан и Миљан Хофман Видовиќ од Бјелина, кои последниве денови се во центарот на медиумското внимание во регионот откако на социјалните мрежи беа објавени видеа на кои им се закануваат на сопственици на ресторани и келнери во Република Српска и Србија.

Со нив бил приведен и адвокат, кој во моментот на приведувањето извикал:

„Јас сум адвокат, јас сум адвокат“, но кај него не била пронајдена службена легитимација.

Се појави и видео на кое се гледаат маскирани и вооружени припадници на Управата за криминална полиција (УКП) како упаднале во ресторанот и ги опкружуваат браќата и мажите кои биле со нив. После тоа сите биле однесени, а гостите на локалот со неверување ги гледале овие драматични сцени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.