Вељко Беливук на рочиштето во Специјалниот суд излезе на говорница и се изјасни дека не е виновен.Тој пред судот рекол дека разговорите биле наместени, а фотографиите од куќата на хоророт во Ритопек се фотошопирани.

Инаку, Беливук беше изваден од боксот за обвинетите за судницата, во придружба на затворски чувари. Н говорницата ставил и тетратка со коцки, во која запишувал белешки.

Членовите на кланот Вељко Беливук, кои се во притвор во Централниот затвор, се префрлени во зградата на Специјалниот суд каде денеска продолжува нивното прелиминарно рочиште.

Беливук и Миљковиќ не се во затвор бидејќи се во притвор во судот и затворските чувари ги придружуваат до судницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.