Вељко Беливук и Марко Миљковиќ Месарот лаќале од 600 до 1.000 евра по парче за телефони со апликацијата „Скај“. Тие меѓусебно комуницирале преку мобилни телефони со заштитената апликација Скај, преку која договарале убиства, киднапирања, но и разменувале слики од тортура и колење жртви! .
Советот на Специјалниот суд, кој ја води постапката против инспекторот на СБПОК, Божидар Столиќ, осомничен за соработка со оваа криминална група, денеска соопшти дека како доказ ќе ја искористат преписката преку „Sky“ добиена од Франција.
Тие беа мои клиенти. Ми рекоа дека ако им се случи нешто, поточно ако ги уапсат да ги „спржам“ телефоните. Кога видов во медиумите на 4 февруари 2021 година дека се уапсени, го направив тоа, им ги уништив телефоните – признал човекот што им продавал уреди.
Тој уште објаснил дека за тоа не му требаат телефоните да ги има во рацете, туку тоа го направил преку страницата што се користела за таа апликацијакоја била затворена набрзо по апсењето на Криминалната група на Беливук и повеќе не постои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.