Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеи утре ќе ја посети Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според албанските медиуми, тој заедно со премиерот Еди Рама ќе ја посети новоизградената обиколница кај приморскиот град Валона финансирана од ЕУ, што во употреба Рама ја пушти на седми месецов.

Европската унија ја поддржа изградбата на обиколницата преку грант од 20 милиони евра. Исто така, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) учествуваа со заеми од по 18 милиони евра за овој проект. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.