Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина за личните документи и изрази надеж дека тој означува нова ера на вистински напредок во дијалогот.

Вархеји на Твитер објави дека дијалогот мора да се заснова на меѓусебни договори и нивно спроведување.

„Го поздравувам договорот за слободно движење меѓу Косово и Србија и искрено се надевам дека ова означува нова ера на вистински напредок во дијалогот, заснован на меѓусебни договори и имплементација”, објави еврокомесарот за проширување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.