Во областа Кавала во Грција, во текот на ноќта, се слушале сирени по падот на украинскиот авион Антонов, кој падна во близина на Палеохорија.

Како што јави грчкиот јавен сервис, пилотот побарал итно слетување.

Според првичните информации, авионот бил натоварен со оружје, а полетал од Ниш и требало да стигне во Јордан.

Авионот ја прелетал и Македонија, поминал покрај Солун и летал над Егејско Море кога свртен назад кон копното и се упатил кон градот Кавала каде требало да има итно слетување, но не успеал во тоа и се урнал.

Силни експлозии снимиле луѓето кои биле сведоци на уривањето на авионот близу Кавала.

Во текот на денешниот ден најавена е прес конференција на властите во Белград кои ќе соопштат повеќе детали за тоа чив бил авионот, каде летал и што точно превезувал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.