Бурен ветер, кој на некои места достигнуваше брзина од 70 километри на час, во средата вечерта ја погоди јужната турска провинција Анталија. Висината на брановите долж брегот во областа на популарната плажа Коњаалт достигна 6 м. На многу места во одморалиштето имаше паднати дрвја, десетици автомобили беа оштетени, јави ТВ ТРТ-1.
Лошото време го зафати речиси целиот медитерански брег на Турција. Во многу населени места обилните дождови предизвикаа поплави, а некаде улиците се претворија во реки. Според метеоролозите, најсилните ветрови се забележани во провинцијата Испарта, соседна Анталија, каде нивната брзина достигна 102 км/ч.
Генералниот директорат за метеорологија на Турција издаде предупредување за невреме, наведувајќи дека во четврток се очекуваат обилни дождови, силен ветер и пад на температурите од 2 до 5 степени во 11 региони на земјата, главно долж Средоземното и Егејското Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.